Нема невини вморони: Фатална заробеност во злото!

29.10.2018 18:31
Нема невини вморони: Фатална заробеност во злото!

 ВМРО-ДПМНЕ не е добра партија со лоши поединци, туку злосторничка инсталација составена од чипирани идиоти на злото. Целата политичка пракса и идеологија, бомбите, судењата како последен доказ (Павловски), ставот на меѓународната заедница, ние како жртви и Македонија како проектирана раскурцаност, јасно покажуваат дека тука злото е систем и смисла и закон и заклетва. Без исклучок. Од лидерот, до лепачите на плакати. Во разни нивоа на субјективната и објективна одговорност.

Нема невини!

ВМРО-ДПМНЕ не може да се исчисти од злото затоа што самата е зло. Од Миле и Груевски можеме да се ослободиме така што ќе ги затворме, но нивното затворање нема да не ослободи од злото на злосторничкото здружување. Техничките, организационите, па и кадровските промени, се неутрални во однос на злото или се во функција на полнење на неговите отрови и манлихери. Ако од едно шишенце со цијанкалиум истурите седум капки, остатокот нема да го претворите во рибино масло. Пробајте, па ќе се уверите дали Тричковски претерува. Тоа е закономерност на политичката алхемија, а не чирибу-чириба забава од дебатните емисии на малите екрани. ВМРО-ДПМНЕ не е добра партија со лоши поединци, туку злосторничка инсталација составена од чипирани идиоти на злото. Целата политичка пракса и идеологија, бомбите, судењата како последен доказ (Павловски), ставот на меѓународната заедница, ние како жртви и Македонија како проектирана раскурцаност, јасно покажуваат дека тука злото е систем и смисла и закон и заклетва. Без исклучок. Од лидерот, до лепачите на плакати. Во разни нивоа на субјективната и објективна одговорност.

Нема невини!

Само чисти злосторници и луѓе чија чесност е искомпромитирана или во иницијацијата или низ политиките и злосторичките пракси или низ самото присуство во неа. Со дејствување или со недејствување.

Таа неизлечивост, таа фатална заробеност во злото, како друго име за себе, е првата работа која треба да се има предвид при сите распраи за овој феномен, посебно при сегашните дебати за таканареченото прочистување, односно за наводното ослободување од хипотеките на минатото.

 

Втората работа е фактот дека таа партија, повторно како елемент на својата злосторничка природа, се јавува како артикулација и фактор на натамошната кретенизација на најпримитивниот слој од општеството, на најнеписмениот и на некој начин најагресивниот и во тоа што од него и од неговите интереси и страсти, влече критериуми кои му ги наметнува на целото општество и по таа линија го прмитивизира, го посељачува, го акултурира, односо го дезинтегрира и усмртува итн.

Во таа смисла неутралниот или беневолентен или партнерски однос кон нив е еднаков на распеаната добродојденост за вирусите на вариола вера или на нилскиот грип, да речеме. Ова е особено важно за медиумите затоа што со сегашното разбирање на нештата тие ги шират најстрашните вируси и болести низ општеството. Здравствените власти, не друг, би требало да ги затворат. Сите!

Тој дел од населението бара сосема друг вид мисионери, просветници просветители и предводници, луѓе, институции и организации, систем, кои ќе ги извадат од калта на заостанатоста и неписменоста, од вирот на ниските стандарди и лесната манипулација.

И, третата работа е систематската, свесна, злосторничка злоупотреба на демократските институции и процедури, од системот еден човек еден глас, до собраниските деликатности и грубости, до референдумот и судските одбрани. До се. До сите можни фори и фазони да се држи заробена државата и тогаш кога е подослободена од нивната власт.

За детално разработените и реализирани злосторства од позиција на власт тука нема потреба да дискутураме зашто темата е малку подруга, но не можеме да не го нгаласиме и тој елемент.

Верувам во силна опозиција, во силно ВМРО-ДПМНЕ, тоа е добро и за државата, тоа е добро и за СДСМ, затоа што само тогаш државата ќе има бенефит – рекол завчера премиерот Заев при посетата на Стоби.

Да, Зоки, но не за државата кон која се стремиме, не за нормална, модерна Македонија, туку за оваа скапаница од Македонија, која е таква каква што е, меѓу другото, затоа што е добра и за СДСМ и за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што е тапацирана клацкалка за забава на партите и акционерско друштво за пљачка на луѓето.

 

Би можел да ја поздравам оваа беневоленција на премиерот, имам разбирање за идејата што стои зад неговата политичка и човечка широчина, рамнотежата на системот, значи стабилност, стабилноста е, односно, може да биде основа на напредокот, смртта на вмро-дпмне би предизвикала таква експлозија од радост што луѓето би можеле да заборават на есенската сеидба и на уставните промени, можеме да се соочиме и со други неизвесности, па и нестабилности, со можни и опасни тековни и среднорочни последици и сл., но, сепак, одбрав да кажам дека ако толку многу се распекмезиме, ќе заборавиме од кај сме тргнале и каде одиме. И каква смисла има не само нашето патување туку и нашето постоење. Силно вмро-дпмне е полошо за Македонија отколку Исламската држава,’Ал Каеда, и дебелата Мирка Велиновска за Америка и Европа. Уставните промени и евроатлантските интеграции се, односно треба да бидат, форми и инструменти на нашето менување, а не на нашето вкочанување во формите што не донесоа до пред вратите на историската смрт.

Завчера напишав дека тој концепт ме потсетува на југословенските возови кои возеа на запад со тоалетите затрупани од говната на народот кој патуваше кон Минхен и Цирих каде што по некоја година ќе научи да сере како што треба, односно ќе ја совлада културата на кењажата, дури и ќе престане да се вози во тие државни возови и да ги усмрдува, затоа што во меѓувреме ќе си купат мерцедеси со кои ќе се враќаат во своите села и пак назад во халите на “Фолксваген” и “Виктроринокс”.

Мојата, ми се чини разумна идеја, е да престанеме да сереме уште пред Табановце или да сереме како што треба, да ги исфрлиме од возот тие што серат на криво, тие што ни ја усмрдуваат целата композиција.

ВМРО-ДПМНЕ е исторското говно на Македонија.

Не можеме да го чуваме во купето!

Морав ова да го кажам за да се вртам на темата за помирувањето.

Помирувањето не е прашање на техничко обезбедување на мнозинство во името на просперитетот, НАТО, Европа и така натаму. Техничкиот аспект може да се обезбедува преку политички преговори, преку судска и вонсудска сработка и со најтешките злосторници под услови кои ги диктира просперитетот и борбата против злото како поширока категорија. Лаки Лучано ја помогнал инвазијата на сојузниците на Сицилија и издејствувал одредени бенефити за себе, но не ја амнестирал мафијата во Америка. Многу нацисти и особено умови што работеле за нацистите, по војната не биле судени затоа што прифатиле своето знаење да го аплицираат за развој на човештвото и демократскиот свет.

 

И реалниот однос на силите мора да се има предвид. Луѓето велат: сакаме парламентарно мнозинство без Амди Бајрам и Лиле Поповска. Па, направете го! Или што не го направивте на избори. Луѓето викаат: сакаме двотретинско мнозинство без Крсто Муковски и без посредништвата на Сашо Мијалков. Па, обезбедете ги! Земете го Леонардо ди Каприо. Луѓето сакаат во Европа, ама не им се излегува на референдум или на изборите гласаат за кретени.

Но, помирувањето е нешто друго. Ние можеме да се помириме во правдата, не со изигрување на правдата, не со договорна интерпретација на правдата и можеме да се помириме во вредносниот свет што го освоиле или се на пат да го освојат победниците во битката против злото, мнозинството поддржано од сиот демократски свет. Државата, односно во нашиот случај власта, мора да ги диктира условите на помирувањето, не злосторничката банда која, всушност, не бара помирување, туку спас за себе. Професорот Фрчковски тоа многу добро го објасни. Во тој контекст мора да има извинување до народот и до сите поединечни жртви, враќање или конфискација на имотите, прифаќање на правните процедури против сопствените злосторници, забрани и пререгистрации, свест за злото, а не продолжено прчење дека тие се горди што се вмро-дпмне и по исклучувањето, како Јанчев и пуфлата Бетка (Теодосиевски) што спичка повеќе пари за чевли и чанти од Имелда Маркос, за милијардите во Скопје 2014, да не правиме муабет.

Во однос на 27 април, јас мислам дека простувањето и помилувањето може да се изведе на трагата на европските процеси од сличен тип. Идејата на Заев е веројатно највелелепниот политичкиот потег на македонската транзиција. Да се помират едно видување на уставноста и државноста кое во еден момент се криминализира и се претвори во тешко зло и другото верување кое почиваше на уставот, на законите и процедурите. Се разбира, откако во судска постапка ќе се утврди вината, а државата потоа ќе ја пројави својата добродушност. Но, се согласувам со некои колеги (Орданоски), не за организаторите и инспираторите и нарачателите, во ликот на лудакот од Водно, идиотот што има покана за в затвор или за неговото виенско другарче, портпаролското говно кое уште од мало ситно детско проливче, плива во теглата со државниот и народен мед. Буцко од гована. Скулптура: Говно што мумла! Или за вморонскиот спикер, кој и покрај сите напори, не успеваше да пие и да спика истовремено.

Слики: Свирачиња
Извор: Слободен печат