Човештвото истребило 60% од животните по 1970 година

30.10.2018 12:10
Човештвото истребило 60% од животните по 1970 година

60 отсто од сите цицачи, птици, риби и рептили се истребени од човештвото по 1970 година, што доведува до тоа водечките експерти да предупредат дека уништувањето на дивиот свет сега е вонредна состојба која ѝ се заканува на цивилизацијата.

Новата проценка за масакрот врз живиот свет е подготвена од Светската федерација на дивината (WWF) и вклучува 59 научници од целиот свет. Студијата открива дека растечката побарувачка за храна и ресурси од светското население го уништува синџирот на живот, за чие создавање биле потребни милијарди години, во кои човештвото најпосле зависи од чист воздух, вода и сè останато.

„Ова е многу повеќе од просто губење на природните чуда и покрај тоа што е премногу тажно. Ова е всушност загрозување на иднината на луѓето. Природата не е нешто што е „убаво да се има“ – од тоа зависи нашиот живот“, додава Барет.

„Брзо го губиме времето. Само преку адресирање и на екосистемот и на климата имаме шанси да си обезбедиме стабилна планета за иднината на човештвото на Земјата“, посочува професорот Јохан Рокстром, експерт за глобалната одржливост на Институтот за климатски влијанија од Потсдам, Германија.

Голем дел од научниците веруваат дека светот ја има започнато фазата на шестото масовно истребување, прво кое ќе биде предизвикано од вид – Хомо сапиенс. Други понови анализи откриваат дека човештвото уништило 83% од сите цицачи и половина од растенијата од почетокот на цивилизацијата. Според овие податоци, дури и доколку уништувањето престане сега, ќе бидат потребни 5 до 7 милиони години за природниот свет да се опорави.

Најголемата причина за губењето на дивиот свет е уништувањето на нивните природни средини, најголемиот дел од нив за создавање обработливо земјиште. Три-четвртини од целата земја на планетата е под значително влијание од човечки активности. Убивањето за храна е следната најголема причина, додека во океаните се врши масовен риболов, од кој половина е индустриски риболов.

„Месечариме кон работ на амбисот. Ако имаше 60% намалување на бројката на луѓе, тоа би било еднакво на целосно празнење на Северна и Јужна Америка, Африка, Европа, Кина и Океанија. Тоа е нивото на она што сме го направиле“, вели Мајк Барет, извршниот директор за наука и конзервација во WWF.

Извор: The Guardian

 

ОкоБоли главаВицФото