„We are not machines", ревија на Теодора Митровска

31.10.18 03:44

Младата, талентирана модна дизајнерка Теодора Митровска од Лондон, преку Рига, Латвија каде учествуваше на Модната недела, се враќа во Скопје со колекцијата „We are not machines“, која ќе ја претстави на 2 ноември (петок) во хотелот „Мериот“ во рамките на 18-от Скопски моден викенд (FWSK).

Митровска ја промовира колекцијата „We are not machines" која носи силен анагажиран и етички предзнак бидејќи го адресира проблемот на експлоатација и ефтината работна сила во текстилните фабрики на земјите од третиот свет и го поставува прашањето: кога работникот преминува во машина, од етички и физички аспект.

Моделите во својата естетика силно се поврзани со работничката униформа на текстилните работници, притоа со акцент на нивната мултифункционалност и повеќеслојност.  Колекцијата е создадена да се прилагоди на разните женски облици и големини, а истовремено е родово неутрална. Го допира прашањето и на брзата мода и конзумеризмот. Колекцијата е концептуална и наменета за млади, авангардни луѓе кои сакаат улична мода со печат на ексцентричност.

„Би сакала да изразам огромна благодарност до Кристина Ампева, основач на „Гласен Текстилец“, чија животна приказна и дејност како дел организацијата беа главна инспирација за колекцијата. Исто така благодарност и до Soul Case , чија музика ќе биде дел од перформансот во петок, а беше дел и од ревијата во Рига“, вели Теодора.

Инаку, таа годинава дипломираше  на модните студии на „Middlesex University“ во Лондон. 

 Фотографии: Архива на Теодора Митровска

Слични содржини

Мода / Култура / Настан
Книжевност / Уметност / Филм / Око
Филм / Око
Фотографија / Психологија / Око
Фотографија / Квир / Око

ОкоБоли главаВицФото