Постојано на работ на бесмислата

31.10.2018 13:25

Постојано на работ на бесмислата
и смртта
во секоја претстава што ја игра
над главите
на публиката
поетот налик на циркузант
се качува врз слоговите
до високата жица што самиот ја растегнал
и чекорејќи по зраците на погледите
над морето од лица
се влечка кон
другата страна на денот
изведувајќи го својот entrechats
и ножните волшепства
и другите тајни театарски
а сето тоа без да дозволи
што било
да му се причини како нешто што не е.
Оти тој е врвен реалист
кој нужно мора да ја установи
цврстата напната вистина
пред да се постави или зачекори
на замислениот пат
спрема уште повисоко место
каде што Убавината стои и чека
достоинствено
да скокне пркосејќи ѝ на смртта.
А тој
човечулец како чарличаплин
кој го досега или не го досега
нејзиниот убав бесмртен облик
ги раскрилува рацете во празниот воздух
на постоењето.

Превод: П. В.

Lawrence Ferlinghetti (1919), поет, сликар, либерален активист и издавач, е последниот жив припадник на легендарната бит (beat) генерација. Ферлингети денес има големо влијание не само на современата американска литература, туку и на издаваштвото. Бил и прозен писател, преведувач, критичар, филмски наратор, а работел и во театар. Неговата најпопуларна и најпреведувана стихозбирка е Coney Island of the MInd (1958). „Кони Ајленд на Умот“ е преведена на девет јазици и продадена во повеќе од милион примероци. Иако во потполност не ја делел животната и естетската филозофија на битниците, покрај Гинзберг, Бароуз и Кероуак, се смета за еден од припадниците на најтесното јадро на движењето. Овековечен е во ликот на Лоренцо Монсанто во романот на Кероуак, Big Sur (1962).

За интегритетот на Ферлингети добро зборува една контроверзна случка од 2012 година, кога одбил да ја прими големата меѓународна награда за поезија „Јанус Панониус“ (паричниот дел изнесувал 50.000 евра) како израз на противење на десничарскиот режим на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој делумно го спонзорира тоа вносно книжевно признание.

Поезијата како чин на бунт (1)

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото