Со поезија да завршиме и да спесниме!

01.11.2018 02:03
Со поезија да завршиме и да спесниме!

Во разговорот учествуваат Тања Аждаја, Оливера Ќорвезироска и Моника Илкова.


Тања Аждаја
Хиперболам.


Оливера Ќорвезироска
Ептен те епитетисувам!


Тања Аждаја
Ние, две цвеќиња за мирисање, сме тешка лалегорија.


Оливера Ќорвезироска
Персонификсации сме.


Тања Аждаја
А да смениме хризантема дур не ни се налутила божуразијата?


Оливера Ќорвезироска
Аждеропеја.


Моника Илкова
Алегорам (на битолски).


Оливера Ќорвезироска
Преспанизми сакам појќе.


Тања Аждаја
Ментафори.


Оливера Ќорвезироска
Ментонимии.

Тања Аждаја
Кои дрвени филозофи сме, какви наЛански фори паѓаат, ме заболе кломпарацијата.


Оливера Ќорвезироска
Ти си совршената зрејугма.


Тања Аждаја
Напишав у гугл Зеугма, ми рече да не се замарам со гуглање, полесно е вода да ти носам.


Оливера Ќорвезироска
Ти си саде ум, шарм и... свилена марама (пример за зеугма).


Тања Аждаја
Мене убавината може вода да ми носи!


Оливера Ќорвезироска
Ономераспеjа.


Моника Илкова
Оливера Ќорвезироска преторско прашање, може?


Оливера Ќорвезироска
Секогаш! Денес е денот, ми доаѓаат дујните, кафтиците и нагезмото.


Тања Аждаја
Ѓомлезетчика низаедна.


Оливера Ќорвезироска
Умавино моја.


Тања Аждаја
Доста со умот! Ама па на кого му треба убавина кога има свилена марама?!
*Си ја чита Лисицата и грозјето*


Оливера Ќорвезироска
Неокреќисесинегдоха.


Тања Аждаја
Збаснавме.


Оливера Ќорвезироска
Зромани ми се, имам работа.


Тања Аждаја
ИшИЈас!


Оливера Ќорвезироска

Ај со поезија да завршиме, да спесниме!


Тања Аждаја
О, не! Ме онеме.


Оливера Ќорвезироска
Словенска артитеза.


Оливера Ќорвезироска
Дал’ тоа имаме премногу време
Ил’ сме зашле двете од умот?
Нит’ имаме премногу време
Нит’ сме зашле двете од умот
Тук’ сме се најпосле нашле.


Тања Аждаја
Охридска антитеза:
- Шо прајш?
- Шо да прам?
- Шо ќе прајш.


Оливера Ќорвезироска
Ќе се удавам у мајчина... душица, аман.

Оливера Ќорвезироска
Моника Илкова, узреа прашањето?


Моника Илкова
Ко ајдаред. Само се двоуми дали е преторско или преторичко.


Оливера Ќорвезироска
Преторијанско да не е?

 

Слики: Wayne White

 

Слични содржини

Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото