Сликата што стана симбол на палестинскиот отпор

01.11.2018 01:30
Сликата што стана симбол на палестинскиот отпор

Фотографијата на младиот демонстрант во Газа, кој во едната рака го држи палестинското знаме, а со другата замавнува со чаталот за камења, неверојатно личи на иконичната слика од француската револуција „Слободата го води народот“ од Ежен Делакроа.

На фотографијата се гледа 20-годишниот палестинец А'ед Абу Амро, кој на 22 октомври бил фотографиран од Мустафа Хасуна од турската агенција Анадолу, како протестира против израелската блокада на Газа.

Неговата голограда појава, без каква било заштита создава остар контраст со другите демонстранти и репортери облечени во заштитни елеци, кои стојат зад него. Во позадината се гледа црн чад од запалените гуми. Истиот ден кога беше објавена, сликата на Твитер беше споделена повеќе од 5000 пати.

Абу Амро живее во населбата Ал-Зајтун во градот Газа. Тој заедно со пријателите протестира секој петок и понеделник.
„Бев изненаден што оваа слика е толку споделувана, изјави тој за Ал Џезира. „Учествувам во протестите секоја недела, понекогаш и почесто. Не знаев дека има фотограф во моја близина". Тој вели дека другарите му ја пратиле фотографијата откако следниот ден ја виделе на социјалните мрежи.

„Не одам на протести за да ме фотографираат, но ова ме поттикна да продолжам да протестирам", рече тој.
„Знамето што го носев е истото што секогаш го носам на сите протести. Моите пријатели се шегуваат со мене, велејќи дека е полесно да се фрлаат камења без да се држи знаме во другата рака, но јас се навикнав.
Ако загинам, сакам да ме завиткаат во тоа знаме. Го бараме нашето право на враќање и протестираме за нашето достоинство и достоинството на нашите идни генерации", вели Амро.

Извор: Al Jazeera

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото