Не фрлај, не загадувај!

01.11.2018 01:42
Не фрлај, не загадувај!

Ѓубре насекаде! Но, кој е виновен, службите или ние самите?

Ние лично по дома не сме селектирале отсекогаш, но откако го правиме тоа, количината на ѓубрето кое го фрламе во т.н. мешани контејнери драстично се намали. Селектираме пластика (шишиња од вода, канчиња од кисело млеко и сл.), картон (од јајца, јогурт, разни пакувања...), лименки (пиво, конзерви...), стакло (шишиња, тегли...).

Ако се прашувате, „а што со органскиот отпад?“, може да го однесете на пунктовите на МаМаОргана во Маџари (во близина на кванташки) и Ново лисиче (се уште не ги знаеме точните локации, чекаме да ги објават на нивниот сајт или фб).

Што е со другите отпадни материјали, како пр. маслото за пржење кое оди во одвод? И за тоа има решение. Наместо да ја загадува почвата и водите, од него може да се направи биогориво кое е помалку штетно од традиционалните горива, а тоа го прават Sunilens Dooel ... Јавете се, ќе ви донесат кантичка, а за секои 3 л собрано отпадно масло ви даваат 0,5 л ново!

Ете, има начини на кои можеме и самите да помогнеме отпадот да се намали. Можеме да ги обвиниме службите дека не го фрлаат отпадот и дека го има многу по улиците (што е реално), но од друга страна дали помислуваме каде завршува тој отпад и што се прави со него? Сигурно не исчезнува во друга димензија :)

Затоа, да купуваме паметно, да го намалиме создавањето на отпадот од наша страна, да селектираме и да користиме платнени кеси и веќе половина од проблемот е решен!

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото