Повик за проекти на Фондот за хуманитарно право од Белград

02.11.2018 01:32
Повик за проекти на Фондот за хуманитарно право од Белград

Фондот за хуманитарно право од Белград, со поддршка на организацијата Бранители на човековите права (Civil Rights Defenders) го спроведува проектот „Младите градат мир во западен Балкан“, чија цел е да овозможи активно и креативно учество и ангажирање во процесите на соочување со минатото.

Повикот за проекти има цел со финансиска и стручна поддршка да им овозможи на младите во застапувањето за правда и одговорност за злосторствата во минатото, за да преземат поактивна и водечка улога.

И покрај големиот број судски утврдени факти за воените злосторства извршени во војната во Хрватска, Босна и Херцеговина и Косово, 20 години подоцна, траен мир сè уште не е постигнат. Кон тоа придонесува широка неказнивост, игнорирањето на жртвите, јавната глорификација на оние кои се одговорни за кршење на човековите права и меѓународното хуманитарно право, како и постоењето на етнички пристрасни и спротивставени наративи за настаните, жртвите и одговорните чинители. Недостатокот на конструктивен и инклузивен дијалог за наследството од овие војни дополнително лошо влијае врз прифаќањето на одговорноста за злосторстват и справување со нивните последици.

Фондот за хуманитарно право и Бранители на човековите права ги препознаваат младите луѓе како клучни актери во градењето траен мир во Западен Балкан.

Повеќе за конкурсот видете ТУКА.

ОкоБоли главаВицФото