1009 hPa
94 %
15 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 06:59
СДСМ во предизборието даде ветување кое не само што не го исполни, туку отиде во обратна насока:
Ветување: Досегашното буџетско финансирање е минимално и се движи околу 0,2% од БДП – петнаесет пати помалку од препораките на европската стратегија Европа 2020. Уште во првата година од мандатот, буџетот за наука ќе го зголемиме за 50%, со цел на крајот на мандатот Македонија да издвојува помеѓу 1% и 1,5% од БДП за истражување и развој. (стр.117)
[Извор: СДСМ – „План за живот во Македонија“/предизборна програма – датум: декември 2016 г.]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Не може точно да се лоцираат вистинските причини, но факт е дека СДСМ своето ветување за издвојувањата за наука не само што не го исполни, туку напротив, ги намали сумите од она што беше издвојувано порано.
Дури ако се види по структура, не можат да изржат критиките или извлекувањето дека тоа е точно, ама Владата на ВМРО-ДПМНЕ давала пари за преводи на илјадници бескорисни книги од светски автори. Прво, затоа што во последните неколку буџети што ги погледнавме таа ставка е минимална во однос на другите ставки кои спаѓаат под расходи во разделот „Наука“. Второ, во Буџетот за 2018 година, Владата на СДСМ, исто така, има ставка за „Проект за превод на книги од реномирина автори“ и тоа во висина од околу 50 милиони денари, или околу 813 илјади евра! Сепак, со ребалансот на Буџетот поднесен сега, оваа ставка ја имаат намалено на само 2 милиони денари или околу 32 илјади евра.
„Вистиномер“ направи преглед на последните неколку буџети, чии бројки недвосмислено укажуваат дека СДСМ не само што не го исполнил ветувањето туку и отишол во обратна насока – уште повеќе ги намалил средствата за наука:
РЕБАЛАНС на Буџетот за 2018 година – 5,8 милиони евра или околу 358 милиони денари (стр.300)
За научно истражувачка работа нешто над 1,268 милиони евра
За Научни институти – нешто над 4,52 милиони евра (половина ги заработуваат самите)
За проект за превод на книги од реномирани автори околу 32 илјади евра или 2 мил. ден
Претходно бил нешто поголем:
Буџет 2018 година – 6,9 милиони евра или околу 426 милиони денари (стр.280)
За научно истражувачка работа нешто над 1,54 милиони евра
За научни институти – нешто над 4,57 милиони евра (повеќе од пола ги заработуваат самите од услуги)
За проект за превод на книги од реномирани автори околлу 813 илјади евра или 50 мил. денари
Во 2017 година Буџетот го кроеше ВМРО-ДПМНЕ
Буџет 2017 година – 9,95 милиони евра или 611 милиони денари (стр. 264)
За научно истражувачка работа нешто над 2 милиони евра
За научни институти – нешто над 6 милиони евра (половина ги заработуваат самите)
За научни лаборатории за опремување имало околу 325 илијади евра
За проект за превод на книги од реномирани автори 1, 6 милиони евра
Исто и во 2016 година:
Буџет 2016 година – 10.127 милиони евра или околу 623 милиони денари(стр.265)
За научно истражувачка работа нешто под 2 милиони евра (1.940)
Научно истражувачки институти – нешто над , 3,5 милиони евра(пола од себе)
За национална агенција за нуклеарни технологии околу 71 илјада евра
Програмам за опремување лабороториив 3,3 милиони евра
За проект за превод на книги од реномирани автори 1, 2 милиони евра
Сосема е доволно за да се направи компарација – три буџета и еден ребаланс (ги видовиме и другите ребаланси) од кои јасно се гледа дека ветувањето на СДСМ е неисполнето.
ИЗВОРИ:
СДСМ – План за живот во Македонија/предизборна програма стр.117 – [Проверено на 01.11.2018]
Министерство за финансии – Веб страна/Документи/ – [Проверено на 01.11.2018]
Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.
Извор: Вистиномер