Конкурс за нови драмски текстови од македонски автори

03.11.2018 01:39
Конкурс за нови драмски текстови од македонски автори

Здружението на драматурзи и сценаристи на Р. Македонија распишува КОНКУРС – за неизведувани и необјавени современи драмски текстови од македонски автори.

Целта на конкурсот е да се поттикне и афирмира новата современа македонска драматургија.

Заинтересираните, своите драмски текстови треба да ги достават во електронска форма на е–mail: drushtvonadramaturzi@gmail.com
Конкурсот е отворен до 30.11.2018 год. (петок до 16 часот). Сите текстови пристигнати по изминатиот рок, нема да се разгледуваат.

Најдобрите три драмски текста, Здружението на драматурзи и сценаристи на РМ, се обврзува да ги достави по електронска пошта до националните театарски институции во Р.Македонија, додека пак за прворангираниот драмски текст ќе се организира јавно читање во просториите на НУ Драмски театар Скопје.
Дополнителни информации на тел.: 078 -549 -187.

Во име на “Здружение на драматурзи и сценаристи на Р. Македонија“
Преседател – Југослав Петровски