Онирични песни

03.11.2018 12:59
Онирични песни

Белини

тој од секојдневјето го лупи
сето она што нема призвук
ониричен

еднаш го прашаа
која му је омилена боја

одговори
бела и веднаш додаде
и тоа белина тип
бела хамваш
бела барток
бела тар

 

Ирско виски со шкотска мраз

за еден автомеханичар
карбураторот е цвет
средината на лебот беше жешка
ко средина на лето
диско топката се заврте
над карираниот чаршаф
ми дадоа ирско виски
со шкотска мраз
сега лежам на тепихот ама
не и на подот
промената на перспективата е
здрава како мед
колку сум ти бил лани
во ова време пијан

 

Рони Бигз

да не беше пљачката на возот
што пренесуваше банкарски пари
од глазгов за лондон
немаше да има ништо
немаше да има апсење
ни бегство од затвор
немаше да има ни пластична операција во париз
ни криење по австралија
во неговата биографија немаше да биде
запишано изгнанството во бразил
кај што ја сретна танчарката раимунда
на секс пистолси немаше да им биде драг

да не беше големата пљачка
на неговиот триесет и четврти роденден
рони бигз никогаш немаше да дознае
како од внатрешната страна изгледа
можеби најславното реторичко прашање
на дваесеттиот век
што е една пљачка на банка наспроти нејзиното основање

 

Необично

на оваа неверојатно
добро чувана слика
сонцето е кралско сино
небото е окер жолто а
ридот во длабочината браон
куќите се пурпурни
и гримизни
покривите тиркизни
реката е розова
патот е портокалов
птиците се златни
а од скарлетните стебла
растат крошни сребрени
тревата е зелена
јагодата во белата рака беж
зар не е необично
што тревата е зелена

 

Сонувам

ја земам личната карта
и ја отворам

на местото кај што стои
датумот на раѓање
пишува погледни во пасошот

се качувам горе
и го земам пасошот

таму кај што би требало да биде
датумот на раѓање
пишува види во личната карта

се симнувам по скали
и ја отворам личната карта

пак исто

на тоа патување помеѓу
личната карта и пасошот
постепено сфаќам
прво ужаснат
а после со олеснување
јас всушност не сум ни роден

Илхан Пачариз е роден 1983 година во Пријепоље. Објавувал поезија во Polja, Sent, Agon… Режирал во театар. Водел работилница за креативно пишување. Објавил две книги: Собен номад (Собни номад, 2011) и Онирични песни (Ониричке песме, 2015)

Извор: Ониричке песме, Sent, Novi Pazar, 2015.

Слики: Eric Roux-Fontaine

Превод: Еѓуп Скокотле

ОкоБоли главаВицФото