Протест против нехуманиот однос кон бездомните животни

04.11.2018 15:36
Протест против нехуманиот однос кон бездомните животни

Стационарите да бидат под раководство на активисти и да се спроведуваат инспекциски ригорозни надзори со високи казни за нерегистрирани и напуштени миленици, да се воведат даноци за сопственици со репродуктивно способни миленици се дел од барањата на 13 -те здруженијата за заштита на животни, кои денеска (4 ноември) со протестен марш бараа похуман третман на бездомните животни.

„Во Дрисла ја закопавте вашата совест“, „Убиство не е природна селекција“, „Правда за животните“, „Казни за напуштени миленици“, „Дајте го Вардариште“, се меѓу паролите со кои активистите и граѓаните со нивните миленици се собраа пред Собранието. Тие маршираа до Владата и потоа до Град Скопје.

Пред Владата се обрати и активистката Драгана Велковска, која посочи дека предлозите кои ги нудат ќе го решат проблемот трајно, за само неколку години, за разлика од институциите кои „не го решија повеќе од една деценија“.

„Доста ни е од безидејност. Го бараме стационарот на управување. Ги бараме стационарите од цела земја. Секоја општина има по едно Вардариште“. Неколку пати ги повикав овде луѓето кои не сакаат животни по улиците. И ние не сакаме. Сакаме да имаат дом. Не сакаме животните да бидат малтретирани по улиците, да бидат тепани, измачувани и труени, а за тоа никој да не одговара. Бараме спроведување на законите. Бараме строг инспекциски надзор. Вистински луѓе на вистински места“, рече активистката.

Активистите не се согласуваат со програмата „Залови-стерилизирај-врати“, за која велат дека никогаш не била спроведена квалитетно и во целост.

Здруженијата бараат Прaвилник и Регистар на одгледувачници и сопственици кои ќе плаќаат данок, со што ќе се спречи да работат на црно и да се зголемува бројот на бездомни животни низ градот.

Фотографии: Радио МОФ

 

Слични содржини

Општество / Активизам / Квир / Живот
Општество / Активизам / Јавни простори
Општество / Активизам / Јавни простори
Општество / Активизам / Фотографија / Став
Општество / Активизам / Екологија / Уметност

ОкоБоли главаВицФото