Бабамил

05.11.2018 11:29
Бабамил

Зборував со својата поранешна девојка Х за еротските вештини, нешто за што ја сметав за доста упатена. Ја прашав дали некогаш го правела тоа par le cul. Имаше разбирање за моето прашање и ми одговори дека има денови кога го прави тоа и денови кога не ѝ е до тоа. Денес тоа би било сосема невозможно. Тоа ми изгледаше целосно разбирливо, но сепак се прашував дали ја зборува вистината или тоа беше само изговор, во манир на проститутка, да ме одбие. Потоа рече дека би можела да направи нешто сосем поинаку, многу поубаво, на „унгарски начин“, за кој никогаш немав чуено. На моето нестрпливо потпрашување одговори: „Добро, бабамил (Babamüll), на пример“. Почна да ми го објаснува тоа. Наскоро се покажа дека таа наводна перверзија е всушност многу компликувана, за мене целосно недостижна, ама очигледно нелегална финансиска операција, нешто како безбеден начин за издавање чекови без покритие. Ѝ споменав дека тоа нема никаква врска со љубовните нештенца што ми ги вети. Таа, меѓутоа, се држеше до своето и надуено ми рече дека треба само да бидам внимателен и трпелив, а дека сето останато ќе си дојде само од себе. Ама, затоа што не можев да пронајдам никаква врска во сето тоа, очајував што никогаш нема да дознаам што е тоа бабамил.

Лос Анџелес, ноември 1942

Извор: agoncasopis.com

Слика: Ovidiu Kloska

секс / сон / par le cul

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност / Живот
Графички Дизајн / Книжевност / Психологија / Стрип

ОкоБоли главаВицФото