Како бе не ви е срам да плачете за пропорционалниот данок

06.11.2018 02:55
Како бе не ви е срам да плачете за пропорционалниот данок

Интересно е колку галама се надигна и со колку страст се зборува за кутрите луѓе кои ќе плаќаат поголем данок затоа што имаат примања над 90.000 денари.

Тоа што во Македонија најголем број од населението едвај преживува воопшто не е потресително. Тоа што богатството се концентрира во мал број раце исто така не е потресително. Тоа што сме земја со многу голема разлика во примањата исто не нè интересира. Тоа што најголемата сиромаштија е поврзана со тие кои имаат деца не нè плаши. Ама оданочувањето на некој што има поголем приход веднаш го предизвикува праведниот гнев на тие кои си го заработиле.
Па добро бре како не ви е срам.

Станува збор за помалку од 20.000 луѓе од кои околу 10.000 ќе плаќаат само разлика на некои 1.000, 2.000, 3.000 денари.

Значи доаѓаме до оние најмногу 5000 луѓе во државата кои „најчесно“ си се збогатиле и си имаат „најчесни“ приходи од над 500.000, 600.000, 1.000.000 месечно и кои многу ќе изгубат од животниот стандард заради тие 8% поголем данок.
Дајте бре соберете се малку со тратувањето од земја.

И престанете да изигрувате Суперхик.

 Слика: Mike Lukovich