Двајцата комшии и златната рипка

06.11.2018 15:27
Виц икона

Се буди еден човек на сабајле и гледа во дворот на комшијата чудо!!! Дворот му се претворил во тениски терен а Ѓоковиќ и Надал играт тенис!
– А бе комши, што се случува?
– Па комшија, вчера фатив златна рипка и еве…
– Еј, каде ја фати? Сакам и јас да си ја пробам среќата.
– Оди на реката над селото и чекај. Само внимавај, зборувај погласно, рупката е малку наглува.
Отишол човекот, ловел цел ден и цела ноќ и конечно ја фатил. Златната рипка му проговорила со човечки глас:
– Пушти ме човеку и ќе ти исполнам една желба.
– Добро, сакам целата куќа да ми биде полна со злато.
Се вратил човекот дома и гледа целата куќа полна со блато наместо со злато. Оди кај соседот да му се пожали.
– А бе комши, гледај што ми се случи! Јас побарав куќа полна со злато, а таа со блато…
– Еее, комши, а ти да не мислиш дека јас побарав голем тенис?

 

ОкоБоли главаВицФото