Вселенската „цигара“ е летало на вонземјани?

07.11.2018 01:16
Вселенската „цигара“ е летало на вонземјани?

Мистериозната вселенска „цигара“ e можно a e летало на вонземјани испратено да ја испита Земјата. Со ова тврдење излего научниците од Универзитетот Харвард Смитсонијан во САД.

Објектот, наречен „Унуамуа", што значи „гласник кој доаѓа од далечното минато" на хавајски, првпат беше откриен во октомври 2017 година од телескопот Pan-STARRS 1 на Хаваи.

Откако беше откриен објектот, научниците не можат да ги објаснат необичните карактеристики и прецизно да го утврдат потеклото.

Прво го нарекоа комета, а потоа и астероид, но сега утврдија дека се работи за прв вселенски објект од ваков вид: нова класа на „меѓуѕвезден објект".
Со новиот труд на истражувачите од Центарот за астрофизика на Харвард Смитсонијан, се зголемува можноста дека издолжениот темно-црвен објект, кој е 10 пати долг колку што е широк и патува со брзина од 196.000 км/ч, може да има „вештачко потекло".  

„Можно е Унуамуа да е целосно оперативна сонда што е испратена во близина на Земјата од страна на вонземјанска цивилизацијата", се вели во текстот објавен во „Astrophysical Journal Letters“.

Теоријата е базирана на „вишокот на забрзување" на објектот, односно на неочекуваното зголемување на брзината, кога патувало низ нашиот Сончев систем и при неговото излегување во јануари 2018 година.

„Со оглед на вештачко потекло, постои можност е дека Унуамуа е вид на соларно летало што лебди во меѓуѕвезден простор како остаток од напредна технолошка опрема ", напиша авторите на текстот, сугерирајќи дека објектот може да се движи со енергијата на сончевото зрачење.
Авторите на овој текст, Аврам Лоеб, професор и раководител на одделот за астрономија и Шмуел Бјали, доктор по наука, во Центарот за астрофизика на Харвард, истакнуваат дека слични летала веќе постојат и на Земјата.

Сепак, други научници се спротивставуваат на оваа теорија бидејќи како што истакнуваат „не се потврдени вештачки сигнали кои би доаѓале од тој објект“.

„Не воочуваме ништо што на континуиран начин би се емитирало од Умуамуа“, вели Ендрју Сиемион, претставник на лабораторијата Breakthrough Listen при Универзитетот Беркли.

Научниците истакнуваат дека ќе продолжат со опсервацијата на овој невообичаен објект.

„Најверојатно е дека астероидот Умуамуа е лансиран од својата ѕвезда домаќин во време на некој хаотичен настан пред повеќе милијарди години, како и дека сосема случајно се нашол во нашиот Сончев систем. Но другите хипотези се толку возбудливи што вреди и натаму внимателно да се истражуваат“

Извор: CNN

ОкоБоли главаВицФото