Геноцид

07.11.2018 03:03
Геноцид

Скопје се гради како концентрационен логор, всушност, како гасна комора. Изградбата е во завршна фаза. Идејата е да се убијат што повеќе луѓе со помалку отров. Затоа се затвораат сите празнини. Се протерува провевот да не би ветрето ја нарушува концентрацијата на смртта. Прееска поминував покрај зградурините што некој ги изградил или ги гради од другата страна на раскрсницата кај „Скопјанка”.

Тоа не е урбана мафија.

Тоа е злосторничко здружување за масовна ликвидација на луѓето. Малку бавничка ама инвеститорот ќе најде компензација во агоничното лудило на умирањето. Сè е според законот, според дупот, исто како и пред 85 години на некои други места. Нема член во Уставот, ниту став во преамбулата, да ви ја ебам преамбулата сосе асномот, за ваков вид злосторство. Нема ни во Кривичниот закон. Или јас не сум чул за инкриминации какви што се овие свесни, систематски, користољубиви, некрофилски усмртувања на цел еден град. Исти курац е и во Дебар Маало, горе преку булеварот Србија, во Чаир, во Гази баба, во делови на Карпош. И еве сега на нови површини во Аеродром.

Не ми е јасно кој и зошто ги купува тие станови и деловни простории. Кокошарници од кои не може да им излезе ниту прдежот.

Чифлиганец и разни бетони и луки се најголеми мирновременски злосторници. Сто биографии нема да можат да ги извадат од тој статус. Заедно со локалните власти и републичките надлештва, заедно со политичката елита, таа неверојатна сераторска формација на злото. Неверојатни ѕверови кои без око да им трепне си ги убиваат и сопствените внуци и деца.

Не знам дали имаме време и енергија и волја да се донесе решение на највисоко ниво, да се стопира сè освен инфраструктурните и еколошки проекти меѓу Ѓорче и Ново Лисиче, сè да се префрли во околината, или ќе дозволиме работите да ескалираат во уривачко насилство или во ослободувачко иселеништво.

ОкоБоли главаВицФото