Повик за работилница за критичко пишување

07.11.2018 02:33
Повик за работилница за критичко пишување

Годинешниот КРИК 03 – Фестивал за критичка култура, насловен „АЛЕРТ! Пред портите на моќта – очекувајте исклучување!“, ќе се обиде да го пополни и поттикне речиси сосема исчзнатиот простор за уметничка критика и валоризација во сферата на визуелните уметности.

„Со таа цел, го отвораме повикот за учество на работилницата за критичко пишување во сферата на визуелните уметности, предводена од Маја Чириќ, насловена „Гласно и јасно“, велат организаторите во повикот за работилницата која ќе се одржи на 23 и 24 ноември, 2018 година во Музејот на современа уметност во Скопје.

Повеќе за работилницата видете тука.

Маја Чириќ (PhD/ Д-р) е независна кураторка и критичарка на уметноста. Нејзината логика на работа и пракса потекнуваат од критичноста. Таа била кураторка на Mediterranea 18, Биенале за млади уметници, Тирана, Албанија (2017); Била и кураторка на Српскиот павиљон на 52 Меѓународна изложба на Биеналето во Венеција, како и дел од комисијата на Српскиот павиљон на 55 Меѓународна изложба на Биеналето во Венеција.

Чириќ има предавано на Кинеската академија за уметности, Хангзу, Кина; Академија за Визуелни уметности, Лајпциг, Германија; Kibbutzim Колеџ, Тел Авив, Израел, NABA, Милано, Италија, LASALLE Колеџ за уметности, Сингапур, на Новата Академија за уметности и на само-организираната школа New Collection, Белград, Србија.

Добитничка е на наградата Лазар Трифуновиќ за Уметничка критика (Белград), CEC ArtsLink Independent Projects Award (New York), ISCP Curator Award (New York), Dedalus Foundation and Independent Curators International Curatorial Research Award. Нејзините говорни и пишани ангажмани во 2018 година биле наменети за Centre Pompidou (Paris), MNAC (Bucharest) .

***
Овогодинешни партнери на Контрапункт се Мултимедијален институт МаМа (ХР), Курзив (ХР), kuda.org (СР), „Проектниот простор Прес ту егзит“ и Музеј на Современа уметност.
Работата на Контрапункт е финансиски поддржана од страна на Министерството за Култура на РМ, Гете-институт Скопје, Фондацијата Култура Нова, Програмата Креативна Европа.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото