Скелети

07.11.2018 16:24

Пред кафеаната седат саде скелети:
костуми од листер, лулиња в заби,
крај секого светилка за вечерен опстанок.

Скелетите не се гледаат и слушаат меѓу себе,
комуницираат на посебен начин
што својствен е само за имагинацијата на скелетите.

Дамите обиколуваат околу нив како да се чуда,
кучињата ги лижат коските во длабоките чевли
направени од фина кожа, со ѓонови од бокс.

За некоја година и јас ќе бидам меѓу нив,
со подвижна вилица и со длабок поглед,
произведувајќи посебен звук секогаш кога ќе се помрднам.

А Бог ќе ги стави пред мене скапоцените
сребрени садови, обилниот оброк, царското вино, сè
што немав додека бев од мускули и месо.

Ќе приведе и стварни жени да ми се наруга,
со стварни цицки и со полот.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото