1018 hPa
72 %

15 °C
Скопје - Вто, 17.06.2025 03:59
Кога Мајк Флејс, творецот на „Ергени“ и „Кој сака да се омажи за милионер“ ја започна реалити телевизијата на почетокот на 2000 – тите години, набрзо сфатил дека за успешно шоу потребна е заинтересирана публика. „Кога и да работите на некои од овие емисии, мора да ги разгледате улогите – вистинска љубов или милиони долари“, објаснува Фејс.
Деновиве Фејс го прави она што американските гледачи го прават во рекорден број – седи залепен за кабловската телевизија и гледа како дискутираат експертите за најновите настани во огромното, комплицирано, непредвидливо 24/7 шоу за претседателствувањето на Доналд Трамп. „Ова е иднината на светот, безбедноста на човештвото и смртта на планетата“, рече Флејс. Потоа подзастана – „Требаше јас да се сетам на ова“.
Флејс и други ТВ продуценти ја сфаќаат подеднаквата доза на забава и ужас и тоа како Трамп го користи сето она што го научи од риалити телевизијата додека работеше на „The Apprentice“ (Чирак) и како секојдневно го применува. Има многу споредби помеѓу Белата куќа и годините на Трамп во „The Apprentice“, а зад шегата „отпуштен си“ се крие сериозно проучување на навиките на гледачите и претседател кој недостигот на искуство во владеењето и политиката го надокнадува со вешто користење на телевизијата.
Флејс се шегуваше дека на крајот од секоја епизода на „Ергени“, водителот го најавувал финалето како „најшокантна церемонија на сите времиња!“. Трамп на 25 септември беше на Генералното собрание на Обединетите нации и цела просторија полна со искусни дипломати ја натера да се насмее кога рече дека „за помалку од две години, мојата адмнистрација постигна повеќе од која било друга во историјата на нашата држава“.
Трамп секоја епизода ја завршува со клифхенгер. Неодамна ја повторил реченицата „Ќе видиме што ќе се случи“ точно 11 пати во едно попладне, како што изборил сајтот „Politico“.
Во време во кое се чини дека телевизијата за огромен број гледачи е мртва и дека се успешни само мали емисии, Трамп создаде серија без сценарио која се случува пред очите на гледачите ширум светот. Без оглед дали навивате за антихеројот или за неговиот пад, изгледа дека Трамп сите ве хипнотизираше.
Дури и во таканареченото златно време на телевизијата, Трамп не само што доминираше, туку покрај него бледнеат сите други забавни програми. „Руска истрага, Кавано, Авенати, Розенстајн, Коен, Флин, Пападопулос – сите ние сме многу креативна заедница, но ова е врвот на телевизијата“, изјавил Ворен Литлфилд кој беше главен човек на забавната програма на NBC во времето на сериите како „Пријатели“ и „Западно крило“.
Некои телевизиски продуценти велат дека единствен начин шоуто на Трамп да биде укинато е гледаноста рапидно да се намали и така претседателот да потоне во опскурност. Но, историјата на телевизијата покажува дека најуспешните серии како „Американски идол“, „Изгубени“, „Западно крило“ и да, „Чирак“ – дури во шестата сезона почнале да страдаат од падот на популарноста или тогаш почнало да се разгледува нивното укинување.
Според таа логика, во 2020 година, Трамп повторно ќе биде избран за претседател, освен ако, како што се надеваат многу либерални гледачи, импичментот и скандалите не го окончаат неговото претседателствување пред крај на мандадтот. (Без сомнение во „најдрамтичното финале на претседателскиот мандат на сите времиња!“).
Но нема показател за замор на гледачите. Од 2014 година, рејтинзите на главното телевизиско време двојно се зголемија за 1,05 милион на CNN и речиси тројно повеќе 1,6 милион на MSNBC. Фокс њуз во просек го гледаат 2,4 милиони луѓе во централното време (prime time), што е скок за 1,7 милиони луѓе од пред четири години, како што покажуваат податоците на агенцијата Nielsen, а „Рејчел Медоу шоу“ на MSNBC го обори сите рекорди со 3,5 милиони гледачи.
„Ова е оган што ги привлекува гледачите затоа што не го разбираме“, вели Нил Бер, продуцент на драмата „Designated Survivor" на ABC, за еден чиновник кој по нападот на Капитол станува претседател.
Нел Сковел, пистелка на комедии и авторка на книгата „Just the Funny Parts... And a Few Hard Thrusts About Sneaking Into the Hollywood Boys' Club" има друга теорија. Се сеќава кога се возела во такси пред изборите во 2016 година, во Бостон. Возачот ѝ рекол дека ќе гласа за Трамп. Зошто – го прашала. „Затоа што ме засмејува“, одговорил тој. Сковел вели: „Постои забавна вредност во целиот овој хаос“.
Се разбира, за разлика од сè останато на телевизија, сценариото од Вашингтон ја одредува иднината на законот за абортус, дали имигрантските семејства ќе бидат заедно и какво ќе биде здравјето на глобалната економија.
Исклучувањето на телевизорот би било луксуз кој можат да си го дозволат само најпривилегираните гледачи. Па сепак, станувате многу повеќе од информиран граѓанин кога ќе поминете шест часа пред телевизор, гледајќи ги стручњаците како расправаат за Боб Вудвард и неговата употреба на извори „од длабоката позадина“ во книгата „Fear“, за јакната на Пол Манафорт од 15 000 долари, направена од кожа на остриги („парче облека преполно со преценување на самиот себе“, напиша Вашингтон пост) и со последиците на живописниот опис на анатомијата на Трамп што ги обезбеди Сторми Даниелс. (Никогаш повеќе нема да го гледам Супер Марио на ист начин).
Кога контактирав со Флејс, беше сончево и топло утро во неговиот дом на северниот брег на Кауи, но тој беше внатре и гледаше MSNBC и истовремено го снимаше CNN. Не можеше да се одвои од телевизорот, не со Брет Кавано и иднината на Врховниот суд која и натаму е неизвесна.
„Се сеќавам кога ги работевме сите оние луди емисии и кога луѓето зборуваа дека тоа е почеток на крајот на западната цивилизација“, вели Флејс. „Мислев дека тоа е само шега, но се покажа дека биле во право“.
Слики: Chloe Cushman
Извор: The New York Times