Поетика на едноставноста

08.11.2018 11:46

Една мала нејасна песна
не можеш никако да напишеш а да не
испиеш чаша вода, да изедеш парченце стакло.

Оти една мала нејасна песна
изискува од тебе одредена природност,
како и троа настраност впрочем.

За да напишеш една мала нејасна песна
потребна ти е невообичаена остроумност:
свилата да ја наречеш свила, жената жена.

Ти којшто си во мене, мрдни се веќе еднаш,
излези надвор да ја видиш
и другата пустош, не само мојата.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото