1025 hPa
87 %
6 °C
Скопје - Чет, 12.12.2024 04:59
На 8 ноември со почеток во 20 часот на отворањето на Cinedays во МКЦ, ќе биде отворена „Филм“ – изложба на фотографии од Самир Љума.
Со фотографија почнал да се занимава сосема случајно, а случајно ја направил и фотографијата за постерот за „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски. И тоа му е прва од низа фотографии од снимања каде што работел ангажиран како волонтер, како асистент на камера, како клапер, како директор на фотографија, продуцент, па сега веќе и извршен продуцент.
Работел во Еквадор со Кирил Поп Христов, и во Македонија со Лесли Ајверкс, која е членка на Академијата за доделување на Оскар и внука на првиот цртач на Мики Маус, кој е оскаровец.
Изложбата ќе трае во текот на целиот фестивал, од 8 до 18 ноември.