Нов пристап кон глобализацијата

09.11.2018 02:02
Нов пристап кон глобализацијата

Во книгата „Парадоксот на глобализацијата“, Дени Родерик тврди дека помеѓу демократијата, националниот суверенитет и хиперглобализацијата можеме да одбереме две опции, но не може да ги имаме сите три. „Хиперглобализација“ јасно укажува на неолибералниот идеал на сосема нерегулираната светска економија. Демократијата одвоена од националната држава, единствениот облик на демократија „способен“ да се носи со светската економија, сугерира глобална демократија што е невозможно да се оствари. Од друга страна, недемократска национална држава е компатибилна со хиперглобализацијата затоа што имплицира национален „суверенитет“ кој е подготвен да го прифати управувањето со државата исклучиво во согласност со пазарот и корпоративната моќ. Од ова произлегува дека можеме да ја сочуваме демократијата само ако политичките амбиции ги ограничиме на националната држава и ги искористиме за да некако ја избегнеме глобализацијата.

Меѓутоа, постои алтернатива. Глобализацијата не мора да биде „хипер“. Може да се заузда со регулативи преку меѓународни агенции кои, иако не можат да бидат целосно демократски, може да се изложат на поголем демократски притисок отколку што е тоа случај денес. Меѓународните тела како што е Светската трговска организација (STO) или Меѓународниот монетарен фонд немаат непосредно избрани парламенти, но тоа не ја исклучува јавната дебата за политиката што во тие организации ја спроведуваат националните влади.

Националните политичари треба отворено да кажат дека постојат проблеми кои ни се надвор од домет и ддека за нивно решавање неопходна е соработката на државите во меѓународните агенции. Затоа и политиката што ја спроведуваат владите пеку членството во тие агенции би морала да биде предмет на национална политичка дебата. Зарем не е нереално да се замислат општи избори на кои опозицијата го гради својот аргумент врз основа на неуспехот на владата, со другите држави членки на Светската трговска организација, работи на спречување на ропството, детскиот труд или нехуманото работно време? Доналд Трамп да бараше примена на стандардите на Меѓународната организација за труд врз правилата на STO, наместо да се сврти кон проткционизам, би дал пресуден придонес на глобалното економско управување.

На светот му треба политичка волја на многу држави да признаат дека трендот на неолибералната дерегулација е штетен, а враќање на регулацијата е можен преку взаемно отстапување на суверенитетот на националните заедници со што повисок степен на демократизација на процесот. Јазот помеѓу трите точки на триаголникот на Родерик ќе се намали ако признаеме дека глобализацијата бара одреден ниво на регулација, дека на меѓународните регулаторни агенции им се потребни елементи на демократија, дека демократијата на националната држава најдобро ќе се изрази како отстапен суверенитет во таа рамка.

Таквиот пристап треба да биде следен од грижата за локалниот економски развој. Ширум демократскиот свет воочливо е географското дејство на ксенофобичните сили. Градовите чиишто жители се чувствуваат како дел од иднината се спротивставуваат на тоа дејство – Од Будимпешта и Виена, до Ливерпул или Сан Франциско.

Силите на пазарот во постиндустриската економија ги фаворизираат големите градови од кои малку се прелива. Цели региони и редица помали градови живуркаат без какви било динамични активности што би ги задржале младите и би биле извор на гордост на локалната заедница. Нема да биде доволна ниту великодушната социјална помош за невработените или слабо платените работници, па ниту поттикот за фирмите и владините организации да ги преместуваат своите административни управи и складови во неразвиените области. Потребно е ЕУ, националните и локалните власти заеднички да утврдат кои активности би можеле да се развиваат надвор од постоечките успешни центри и да обезбедат инфраструктура што ќе ги олесни тие активности.

Покрај економскиот развој, на луѓето им е потребно квалитетно локално опкружување со кое ќе се гордеат. Тоа бара значајни јавни вложувања – што е стратегија која ѝ припаѓа на левицата, а не на популистичката десница која тврди дека е главен застапник на локалниот живот. Успехот за остварување на таа задача нема секаде да биде остварен; секогаш ќе има запуштени подрачја кои не успеале да го најдат своето место во светот што се менува. Но визионерското национално и локално планирање во комбинација со претприемаштвото, и одлучниот фокус на географијата; можат да го намалат нивниот број, па и бројот на оние што се чувствуваат изоставени.

Овие стратегии се обраќаат на незадоволството на занемарените, особено мажите припадници на работничката класа од доминантната етничка заедница, уверени дека политичарите, пред сè оние од левицата, им го ускратиле вниманието кога од нив се пренасочиле кон нееднаквоста што ја трпат жените и етничките малцинства во постиндустриските сектори. Нивното незадоволство е оправдано: веќе никој не зборува гласно за чисто економските нееднаквости во светот во кој доминираат неолибералните идеи. Но тоа нема да се реши со враќање во изгубеното индустриско време, а особено не со мизогинија и ксенофобија.

Покрај еконоската, отпорот кон глобализацијата има и културна димензија; затоа таа ѝ е потребна и на стратегијата на движењето. На глобализираниот свет потербни му се граѓани кои добро се снаоѓаат со разновидните, слоевити идентитети, на кои им е удобно во сопствената кожа со сите различни припадности и идентитети со различен интензитет- од локалната заедница, место или град, регион, држава, Европа и кои се пријателскио настроени кон човештвото. Тие припадности и идентитети треба взаемно да се хранат и поттикнуваат, наместо да се исклучуваат. Капацитетите постојат, потребни им се самодоверба и сигурност.

Задача на политиката на иднината е да создаде опкружување во кое цветаат овие вредности, наместо да ги гаси со инсистирање на монополистичките барања на националниот или етнички идентитет. А неолибералите мора да сфатат дека ќе им пропадне глобализацискиот проект што им е толку драг доколку не се подготвени да ги прифатат јавните политики и даночните стапки кои ги одазуваат таквите опкружувања.

Слики: Edel Rodrigez

Извор: Social Europe

ОкоБоли главаВицФото