1007 hPa
56 %
19 °C
Скопје - Нед, 15.09.2024 14:59
Во сабота (10 ноември), во 13 часот, во Музејот на современа уметност ќе биде отвореан изложбата „Епилог (форма на расправа)“ од Јане Чаловски и Христина Иваноска. Изложбата ќе биде отворена за публика од 11 ноември, 2018 година до 11 февруари, 2019 година.
Уметничката практика на меѓународно афирмираните македонски уметници, Јане Чаловски и Христина Иваноска, која започнува во 2000 година, е комплексна и контекстуална. Се занимава со теми и концепти од архитектурата, историјата, уметничката теорија и политичката стварност, за да креира нови процесни продукции, сценарија на поставки и нови знаења. Своите дела ги реализираат во различни медиуми од цртеж и текст до објект, инсталација и видео.
„Епилог (форма на расправа)“ е трета и последна од трилогијата изложби конципирана околу индивидуалните и заедничките практики на умениците. Ќе бидат претставени инсталации, цртежи, објекти, видеа и фотографии од нивните понови проекти (2015-2018), вклучувајќи нова серија на дела „9 принципи на Отворена форма“ реализирана као дел од истражувачки проект „Отворено, формирано и неизградено: Музејот на модерна уметност на Оскар Хансен“ (2018-). Исложбата ќе биде проследена со публикација.
Првата изложба „Пролог (форма на прашање)“ се реализира во Апотека - простор за современа уметност во Водњан, Хрватска (27.09-20.10.2017), додека втората со наслов „Дијалог (форма на одговор)“, беше отворена во Музејот на современа уметност во Загреб (25.11.2017-25.03.2018). Куратор на серијата изложби е Бранка Бенчиќ, независна кураторка од Хрватска. Трилогијата изложби е продуцирана во соработка со Вања Жанко (Номад, Загреб) и Тихомир Миловац (Музеј на современа уметност, Загреб) и е реализирана со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Хрватска, Министерството за култура на Република Македонија, Град Загреб и Град Скопје.
Изборот на изложби вклучува: 56. Венециско биенале – Павилион на Република Македонија (2015), Malmö Konstmuseum (2015), Mestna galerija Ljubljana (MGML) (2016), PERA Museum, Истанбул (2016), Zak│Branicka, Берлин (2016), Музеј на современа уметност, Белград (2016), Guangdong Museum of Art, Кина (2017), Silesian Museum, Катовице (2017), Zhejiang Art Museum, Кина (2017) и други. Чаловски и Иваноска ги претставува галеријата Zak│Branicka од Берлин.