Виолетова

09.11.2018 14:19

Умира краличката
во виолетовите ракавици,
во чорапите виолетови.

Снегот се врти
околу виолетовата светилка.
Снегот е сребрен.

Се слуша кога снегулка
допира снегулка,
кога обете слетуваат на чаршафот.

Од виолетова свила
е прекривката на креветот.
Со црн пораб.

На краличката ѝ трепери
виолетовата уста, треперат долгите
виолетови прсти.

А наоколу
веќе си дошепнуваат слугинките.
Се насмевнуваат една на друга.

Бојата на снегот постепено
преминува во виолетова.
Низ прозорецот убаво може да се види
сосема виолетовото небје.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото