Лажните сеќавања се - реални

28.09.2010 13:57
Лажните сеќавања се - реални

Научничката која го предводеше истражувањето за веродостојноста на нашето сеќавање, Хелен Патерсон од универзитетот во Сиднеј, објаснува дека често разговарајќи со пријателите создаваме нови и лажни сеќавања за некој настан за кој се зборува. Во тој процес на ускладување на сеќавањата голема група луѓе можат да го стекнат истото неточно сеќавање на настанот во кој учествувале сите.

Во истражувањето во кое учествувале 64 студенти, студентите гледале три минути криминалистички филм кој подоцна го прокоментирале заедно со уште еден гледач. Она што не го знаеле е тоа дека гледачот гледал друга верзија на истиот филм.

Една недела подоцна двајца студенти кои го гледале филмот поединечно одговарале на прашања 45 минути, и барем една информација која ја измислиле во разговорот по гледањето на филмот се појавила во одговорите на 42% од учесниците. Студентите биле убедени дека се сеќаваат на лажниот настан.

Меѓу другото, ова истражување покажа дека луѓето тешко ги разликуваат вистинските сеќавања од лажните, а неговите резултати се поклопуваат со оние од истражувањето на универзитетот Хал, кои велат дека околу 20% од учесниците имале лажни сеќавања од детството.

ОкоБоли главаВицФото