Внимание бактерии: избегнувајте сушалки за раце

12.11.2018 00:39
Внимание бактерии: избегнувајте сушалки за раце

Јавните тоалети во кои се користат сушалки за раце имаат далеку повеќе бактерии во воздухот и на површината од тоалетите каде се користат хартиени марамчиња. Апаратите, кои ги сушат рацете преку топол воздух, всушност се распространувач на бактериите.

Причина: луѓето најчесто не ги мијат правилно рацете! Поради тоа, бактериите кои остануваат на рацете преку топлиот воздух се распределуваат низ целата просторија.

Во 2014 година научниците на Универзитетот Лидс во Англија докажаа дека сушалките за раце распространуваат 27 пати повеќе бактерии од хартиените марамчиња.

Истите научници сега докажаа и дека јавните тоалети со сушалки за раце имаат далеку повеќе бактерии од оние со хартиени марамчиња.

Уште повознемирувачки: во некои јавни тоалети со сушалки откриени се бактерии резистентни на антибиотици. Тие бактерии се проблем низ целиот свет- особено во болниците и домовите за нега.

Научниците затоа бараат сушалките за раце да бидат забранети во јавни институции, како болниците. Хартиените марамчиња апсорбираат голем дел од водата а со тоа и бактериите кои остануваат на рацете по миењето. Тие бактерии потоа не можат да се размножуваат во таа просторија.

Исто толку е важно, луѓето по користењето на тоалетот темелно да ги измијат рацете со топла вода и сапун. Доколку имате избор, подобро сушете ги рацете со хартиено марамче.

Извор: https://www.dw.com