Неба

12.11.2018 04:36
Неба

Кутијата со неба стои на последниот рафт во маркетот.

„Дали ги делите небата? Ми треба само едно“ – ја прашувам продавачката, која се искачува по скалата за да ми симне.

„Не се на делење, во една кутија се десет. Ако ги сакаш сите“ – ми одговара, со поглед полн сожалување.

„Исто како со апчињата за патување“ – си мислам.

А, ете, едвај се престрашив да летам.

 

Извор: Очудувања #1 и #2 (кратки раскази), Бегемот, Скопје, 2018
Слика: Rene Schute

ОкоБоли главаВицФото