Добро племе

12.11.2018 12:56

Добро племе
тоа словенечко племе
не се бунтува навистина
добро племе тоа словенечко
племе.
Чудна династија
има племето,
тоа словенечко племе.
Првиот е: Јанез Понизниот.
Вториот: Јанез Понижински
и така по ред последниот е
Јанез Плашливиот Слугичевич Понизен.
Добро племе тоа словенечко племе.
Племе-нито
навистина пре-племе-нито.
Препонизно го носи
туѓото бреме.
Наместо да ги дофати
вилите, косите
и да удри кон господата
се открива и бремето
го носи
ги моли господата и
за својата плата проси.
Ах премалку има
варварства кај нас и крв
да понесат сè.

(Дневник, 1925)

Сречко Косовел (Srečko Kosovel) е роден 1904 во Сежана во Крас. По матурата 1922 запишал студии по романистика, славистика и педагогија на Универзитетот во Љубљана. Првите песни ги објавува на 11 години. Учествува во работата на авангардното списание Trije labodi, го уредува списанието Mladinа и организира книжевни вечери во Љубљана. Починал 1926 од воспаление на мозокот.

Зад себе го оставил ракописот на збирката Zlati čoln, претежно импресионистичка и експресионистичка лирика, од каде прв пат избор бил објавен 1927‒та. Дури 40 години подоцна била обелоденета книгата конструктивистички песни кои ги подготвувал пред смртта, наречена Integrali. Интегралите 1967 ги објавила Cankarjeva založba со обемен предговор на Антон Оцвирк, „Srečko Kosovel in konstruktivizem“.

Неговиот премин од експресионистичкиот израз кон конструктивизмот најјасен е во манифестот На механичарите! (Mehanikom!), напишан во јули 1925. Помеѓу 1974 и i 1977 Državna založba Slovenije ја објави, во три книги, целокупната оставнина на Косовел, Zbrano delo.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото