Пластичен отпад: што може да направите?

13.11.2018 01:21
Пластичен отпад: што може да направите?

Откако на почетокот од 20 век човекот почнал да ја воведува пластиката во масовно производство, на Земјата се создадени околу 8 300 тони пластика – од година во година има сè повеќе и повеќе. Според податоците кои ги собра New Scientist, само во текот на 2016 година во светот се произведени вкупно 280 милиони тони пластика.

Во тоа предничи Кина во која се произведени 29 проценти, потоа Европа (19), САД, Канада и Мексико (18) и Азија без Кина и Јапонија (17). Произведената пластика убедливо најмногу се користи за пакување (40 проценти), а потоа за изградба (20).

Што се случува понатаму со произведената пластика? Зошто тоа одеднаш стана толку важна тема?

За кратко време исфралеме околу три четвртини од произведената пластика. Околу 80 проценти од фрлената пластика завршува во животната средина и на депониите. Сликите од таквото наше секојдневие се поразувачки: секоја година 8 милиони тони завршуваат во океаните – ја јадат рибите, а потоа ние ги јадеме нив. Стомаците на китовите насукани на бреговите се преполни со пластичен отпад, фоките се заплетканми во ѓубре, плажите се преполни со ѓубре, а покрај патиштата – и сами сме сведоци – се трупа истиот отпад. Како што неодамна објавија сите светски медиуми, се проценува дека допрва ќе се почувствуваат директните последици по обичниот човек ако не се промени начинот на кој се употребува пластиката, а до 2050 година во океаните ќе има повеќе пластика отколку риби.

Во Србија во последниве месеци често се зборува за потребата да се намали употребата на пластичните кеси, а истата тема е актуелна речиси во сите земји во светот. Во некои држави, владите и претпријатијата кои се свесни за последиците од досегашната потрошувачка, работат заедно за намалување на употребата на пластиката, а особено онаа за еднократна употреба, како што е пластиката за пакување, пластичните кеси, сламките и друго.

Проблем со пластиката е тоа што досегашната стратегија за собирање и рециклирање не дава резултати. Тоа е затоа што искористената пластика е безвредна и затоа што на произведувачот му е поевтино да произведе нова отколку да ја рециклира употребената. Околу 50 проценти од ПЕТ, пластика од која се прават шишиња погодни за рециклажа, се собираат во рециклажните центри ширум светот, но само 7 проценти се рециклираат додека остатокот останува тука вечно.

Што можеме да направиме ние поединците?

Можеме да ја намалиме употребата на пластиката за еднократна употреба – кеси, сламки, пластични шишиња, пластичен прибор за јадење... Да користиме „обични“ цврсти сапуни наместо течни. Отпадот што може да се рециклира да не го фрламе во контејнерите каде пластиката ќе биде помешана со целиот останат отпад. Пластиката што сакаме да ја фрлиме да им ја дадеме на собирачите на секундарни суровини. Пластиката која може да се рециклира да им ја продадеме на компаниите кои се занимаваат со рециклажа (а кои ги има во Србија и дури можат да дојдат на вашата адреса) или да ја однесеме во рециклажен центар. Почесто да купуваме од компании кои се посветени на одржливо производство, кои во производството користат материјали кои можат да се рециклираат. Да ги користиме глупавите платнени торби.

Извор: http://naukakrozprice.rs