Ослободувањето на Скопје

13.11.18 14:09

"Снежно и студено предвечерје. Скопје тоне во мрак, а ситниот снег ги штипе студените образи на измрзнатите борци што очекуваат дека ќе се случи нешто големо [...] Се чекаше погодниот момент за напад и ослободување на градот.

Дванаесеттата македонска народна ослободителна ударна бригада беше подготвена да се соочи со непријателот. Долго се чекаше муграта за да почне операцијата „Ослободување на Скопје“ [...] Операцијата почна преку Водно, со напад на Железничката станица, Офицерскиот дом, Народната банка, а борбата се разгоре по улиците на градот. Главниот товар во битката падна на 12. и на 16. македонска народна ослободителна ударна бригада. [...] Последната битка се водеше за ослободување на Учителската школа, која тогаш се наоѓаше во дворот на сегашната Општина Центар. Сега е зачувана само влезната врата. Со ослободувањето на овој објект конечно беше ослободено цело Скопје."

Васко Попоски, партизан

насловна страница: Небојша Гелевски

ОкоБоли главаВицФото