Почина Стен Ли, творецот на Спајдермен, Ајрон мен, Хулк...

14.11.2018 11:58
Почина Стен Ли, творецот на Спајдермен, Ајрон мен, Хулк...

Стен Ли, еден од основачите на „Марвел комикс“ и творец на некои од најпознатите стриповски суперхерои, почина на 12 октомври, на 95 - годишна возраст. Тој починал во болницата „Сидарс-Синаи“ во Лос Анџелес, откако изминативе години имаше сериозни здравствени проблеми.

Ли го почнал „Марвел комикс“ во 1961 година заедно со Џек Кирби и во наредните години и децении создаде цел еден универзум од суперхерои, кои последниве години добиваат уште поголема популарност преку редица филмски хитови. Самиот Ли се појави во мали улоги во сите филмови на „Марвел“.

Како главен автор за „Марвел Комикс“, а подоцна и како издавач, Ли се смета за творец на современиот стрип. Тој ги збогати стриповите со акција, сложени приказни, сатира, научна фантастика и филозофија, што ги интересираа младите луѓе, во 60-те години на минатиот век.

Тој придонесе за новата ера на раскажување приказни, а неговите дела оставија голем белег на филмската индустрија. Ли го сакаше стрипот и беше многу продуктивен, креирајќи нови стрипови безмалку секојдневно.

„Напишав стотици, дури илјадници стрипови. Толку многу, што не се ни сеќавам веќе!“,  рече Ли во 2006 година.

Меѓу другите, тој помогна да се креираат Спајдермен, Блек Пантер, Хулк, Одмаздници, Фантастична четворка, Ајрон Мен, Дедпул, Доктор Стрејнџ, Екс-Мен, Капетан Америка и низа други повеќе или помалку популарни ликови.

 

ОкоБоли главаВицФото