1011 hPa
55 %
14 °C
Скопје - Пет, 19.04.2024 14:23
На 16 ноември, со почеток во 11 часот ќе биде промовирана детската едукативна сликовница „Иван и Илина“.
Промоцијата ќе се одржи во инклузивното ООУ „Ванчо Прке“ во Штип. На промоцијата ќе биде присутна и главната протагонистка во приказната – Илина, 15 годишната ќерка на авторката Мимоза Петревска Георгиева - новинарка. На овој настан учениците ќе се запознаат и со својот сограѓанин Гоце Маринковски - момче со Даунов синдром, актер - аматер.
Илустратор на сликовнцата е академската сликарка Маја Стефановска. Промотор и модератор на разговорот со учениците ќе биде Јорданка Черепналкова Трајковска, психолог.
Сликовницата, чие печатено издание на македонски и албански јазик излезе со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија, во едиција на здружението „Сината птица“ (www.sinataptica.org.mk), е приказна од нашето секојдневје, која отсликува неколку реални ситуации кога едно типично дете ќе се сретне со дете со Даунов синдром.