Пиратите откај рибите

15.11.2018 17:36
Пиратите откај рибите

 

Ало пожарна? Мичурин!


Садам билка Хусеин.


Шшш... Шекспир отелотвори драма.


Пиратите откај рибите.


Лукоил е уствари макало.


Бабите се генерација милјенијалс.


Земав плата. Се осеќам кешуал.


Збаснавме.


Сон ми се SONY.

Не можам да го преведам ова, тумач for me.


Генијадност.


Ме мори Ја.


Ми се причинува огромна чест и задоволство.


Не почитувам песочни часовници; многу ми се превртливи.


Кај се замислив кај се запостоив.


Крадев време и ме фатија будалите.


Желката ментално не е добра? Целата се повлекува во себе.


Сакам да си играм со зборовите везден и саноќ, но текстов не е подготвен за тоа.

- Нели ти пречи што мислат дека си детињаста?
- Бамбивалентна сум.


Празник треба да биде пита со праз.
И празник и делник ќе јадеме празник и зелник.


Распоредив неколку овошја во леген, а во када три.
Кои се тие овошја дали знаеш ти?


Ѝ го земав сусамот на тастатурата од уста.


Компир што си игра со оган: пиретехничар.


Претерав со пивото и сега имам покачени криглицериди.


Не прдам, тоа е само метанфора.

Му дадов предност на сончевиот зрак и го пропуштив да помине. Малце провидно од моја страна.


Поминав на жолто лисје.


Се разминав со убава девојка и посакав таа да го напише ова.


Кажувам „здраво“ зашто го сакам звукот на лед што се крши.


Приколката многу сакаше да се закача со тракторчето, eдноставно ја влечеше тоа.


Правам двочекор и забивање во корпата што ми ја даде.


Космополит сум, дечко, ме грее глобалното затоплување.


Еј чекај, си ми оставил погрешен впечаток!


Доумерено вонбрачно.

ОкоБоли главаВицФото