Шкотска воведува предмети во училиштата за правата на ЛГБТИ луѓето

16.11.2018 00:50
Шкотска воведува предмети во училиштата за правата на ЛГБТИ луѓето

Шкотска ќе стане првата земја во светот што во наставата во училиштата ќе вклучи предавања за правата на лезбејките, геј, бисексуалците, трансродовите и интерсексуалните луѓе. Активистите ова го опишаа како историски момент.

Државните училишта ќе бидат задолжени да им предаваат на учениците за историјата на ЛГБТИ заедницата и борбата за еднакви права, како и за справувањето со хомофобијата и трансфобијата. Откако министрите во целост ги прифатија препораките на работната група предводена од „Time for Inclusive Education (TIE) campaign“. Нема да има исклучоци или откажувања од политиката, со што ЛГБТИ инклузивното образование ќе се вгради во наставната програма и предметите. Со ова, шкотската влада смета дека е прва во светот што воведува вакви предмети.

Џордан Дејли, коосновач на TIE, вели дека завршило „деструктивното наследство" од парарафот 28 на британското законодавство. Се работи за законот воведен во 1988 година, со кој на локалните власти во Обединетото Кралство им беше забрането да „промовираат" хомосексуалност. Сепак законот во Шкотска беше укинат во 2001 година, а во остатокот од Велика Британија - две години подоцна.

„Ова е монументална победа на нашата кампања и историски момент за нашата земја. Имплементацијата на ЛГБТИ инклузивното образование во сите државни училишта е прва во светот. Во време на глобална неизвесност, ова испраќа силна и јасна порака до младите луѓе од ЛГБТИ заедницата дека тие се вреднуваат овде во Шкотска ", вели Дејли.

Една студија на TIE открива дека девет од десет ЛГБТИ луѓе во Шкотска доживеале хомофобијата во училиште, а 27 отсто изјавиле дека се обиделе да се самоубијат откако биле малтретирани. Исто така, истражувањето покажало дека во училиштата има малку разбирање за предрасуди кон луѓето со варијации на половите карактеристики и интерсексуални тела.

Заменик премиерот , Џон Свини, рече: „Шкотска веќе се смета за една од најпрогресивните земји во Европа кога станува збор за еднаквоста на ЛГБТИ заедницата. Воодушевен сум што ќе објавам дека ќе бидеме прва земја во светот која има образование со ЛГБТИ инклузивност во наставната програма.

Нашиот образовен систем мора да ги поддржи сите да го постигнат својот целосен потенцијал. Затоа е од витално значење што наставниот план разновиден исто како младите луѓе кои учат во нашите училишта ".

Шкотска редовно е рангирана како една од најдобрите земји во Европа во однос на правната заштита за ЛГБТИ луѓето и покрај тоа што ја декриминализира хомосексуалноста во 1980 година, 13 години подоцна од Англија и Велс.

Извор: The Guardian