1008 hPa
76 %
7 °C
Скопје - Вто, 10.02.2026 18:59
Еј, хеј: дожд паѓа врз сивите љубљански куќи
така што пред сонцето се покриваат со сива завеса.
Во Трст ни ја палат Единост.
Христ дошол во Друштвото на народите.
Не, тоа не е оној добриот, оној убавиот,
со глорија на љубовта блеснатиот.
Псевдохрист е во Женева.
Како, зарем и во Женева врне!?
Христ дошол меѓу исончаните пунтари,
таму на сивата улица стои
и ги брка писателите и фарисеите.
Пука и убива.
Пука и убива.
О, ти овчи, ти бел народе!
Знаеш ли сега што си?
Превод: П. В.