Некој бил тука

16.11.2018 17:51
Некој бил тука

Романот „Некој бил тука“ од Николина Андова Шопова веќе некое време можете да го најдете во скопските книжарници. Во средиштето на приказната е татко кој се соочува со загубата на својата ќерка. Дали може да помогне бегството во нечиј туѓ стан? Мирисањето женски долен веш? Триењето на образите од рапав ѕид? Турпијата во кожа?

„Некој бил тука е психолошки убедлив и вознемирувачки длабок роман; го лови моментот кога болката станува лудило и смрт. Овде ќе сретнете мртви риби со ококорени очи, во ќеса, спремни за чистење, безглави кокошки што летаат, турпија во прашина, отров во плико... – смртта демне на сите страни во романов! Обеспокојувачка драма раскажана на зачудувачки поетичен и смирен начин“, вели Никола Гелевски, уредник на изданието, за најновиот роман во едицијата Магма на книгоиздателството Темплум.

Ова е прв роман на Андова Шопова, која досега објавувала поезија, хаику и раскази. Во 2013 ја објави првата поетска книга „Влезот е од другата страна“; „Поврзи ги точкитe“, втората стихозбирка, излезе во 2015 година; двете во издание на „Темплум“.

Извадок од романот
Текст за „Некој бил тука“ од Оливера Ќорвезироска
Текст за „Некој бил тука“ од Маја Апостолоска