Фотомонтажа: Камион на Македонија пат чисти снег

19.11.18 02:43

Снегот оваа година за прв пат јубилејно не ги изненади Македонија пат, но од таму велат дека се разочарани што решил да падне баш во ноември и да им ги расипе подготовките за Нова година.

„Иако сме разочарани ги убедуваме граѓаните дека снегот нема да е никаков проблем оваа година, а ни наредната. Сите патишта ќе се проодни до април, максимум мај“ велат од Македонија пат.

Јасна фотомонтажа на која се гледа камион на Македонија пат како чисти снег

Граѓаните од друга страна не се сигурни во ова тврдење и велат дека Македонија пат тешко дека ќе го исчисти снегот до јуни. Тие веќе се спремаат да најдат алтернативни начини на превоз додека трае зимата.

Извор: Фчерашни новости

 

ОкоБоли главаВицФото