7 нешта кои не сте ги знаеле за крвта

29.09.2010 12:55
7 нешта кои не сте ги знаеле за крвта

Дали знаевте дека во Јапонија вашата крвна група ја определува вашата личност? Или дека девојките биле бркани од училиште само поради тоа што имале месечен циклус? Погледнете уште неколку „крвави“ факти.

1. Луѓето имаат четири крвни групи: А, В, АВ и О. Овие групи биле идентификувани од д-р Карл Ландстајнер во 1901 г. Но животните можат да имаат и повеќе крвни групи од луѓето, на пример, додека кучињаат имаат исто колку луѓето, мачките имаат 11, а кравите дури 800 крвни групи. Секоја крвна група може да биде Rh позитивна (Rh+) или Rh негативна (Rh-).

2. Крвта сочинува околу 7% од вкупната телесна тежина. Возрасните лица во просек имаат меѓу 7,7 и 9,9 литри крв.

3. Исто како и бојата на очите, и крвната група е наследна. Во Кина, на пример, повеќе од 99% од населението е Rh+.

4. Во Јапонија се верува дека крвната група ја одредува личноста на еден човек. Да прашаш некого „Која крвна група си?“ таму е исто како да прашаш кај нас „Што си во хороскоп?“.

Крвна група А: Земјоделец (сериозен, смирен, верен, понизен и прибран тип);

крвна група В: Ловец (љубопитен, возбудлив, весел, умен, ентузијастичен, непредвидлив и независен тип);

крвна група АВ: Хуманист (непредвидлив, дистанциран, внимателен, грижлив, делотворен и чувствителен тип);

крвна група О: Воин (несмасен, незадржлив, експресивен, флексибилен, идеалистички, природен водач, безгрижен и дарежлив тип).

5. Човечката крв е црвена бидејќи содржи железо. Крабите имаат сина крв бидејќи таа содржи бакар наместо железо. Пијавиците имаат зелена крв бидејќи таа содржи хлорокруорин.

6. Случаи кога не смеете да давате крв за трансфузија:

- ако сте болен;

- ако сте имале незаштитен секс;

- ако неодамна сте се тетовирале;

- ако неодамна сте имале операција;

- ако долго сте престојувале во одредени земји со преносливи болести.

7. Статистички, секој четврти жител на планетава барем еднаш во животот ќе има потреба од трансфузија на крв.

2. Да, ако просечната тежина

2. Да, ако просечната тежина е 110-140 кг.
 

А зарем не е просечната

А зарем не е просечната тежина денес над стотка? :)