Може е во Матрикс!

19.11.2018 02:10
Може е во Матрикс!

Арно избега пред да заврне снег, ќе заглавеше по пат.

***

Бланко пост:
Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот.
Јас сум во _______________ (додади место по сопствен избор) сега, и побарав политички азил.
Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам.

***

Се знаеше на времето „Касандра“ 150 епизоди и толку.
Шо е ова, една недела, 300 епизоди!?

***

Може е на момачка!

***

Не бил авион на Малев, авионот на браќата Рајт бил.

***

Ексклузивно:
Дали Груевски ја премина границата со лева или со десна нога? Останете со нас, продолжуваме по рекламите.

***

Дур се преведе на унгарски, ќе дојде време и за превод на руски.

Пошто сè е апсурдно, нема да ме изненади подоцна и апанажа да му следи.

***

„5% помала плата за Груевски“
Да не е многу бе а?
Да не се претераме.

***

Ќе се изнаспие утре од сабајле, не е на суд.

***

Будимпешта не ти бега Никола, Николаа, НиколаАаа!

Да му се плати за патни трошоци до Будимпешта!

***

Христо, Неџби и Хијавата.

***

Неофицијално, Груевски ја напуштил планетата.

***

Може е во Матрикс!


Извор: Статуси на Александар Дојранлиев


 

Слични содржини

Графички Дизајн / Стрип / Уметност
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност
Графички Дизајн / Уметност
Активизам / Графички Дизајн / Уметност
Графички Дизајн / Книжевност / Психологија / Стрип
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото