1006 hPa
67 %
15 °C
Скопје - Чет, 25.04.2024 15:59
она од пред малку беше шега
поезијата е поле за најслободна лингвистичка пракса
еден живот отфрлен при монтажата
господинот во првиот ред со уморните очи и орелскиот нос
негодува
мене толку грозно ме одра месечината
грлото затнато од вокали
човек кога ќе престане да биде црква
станува град
левијатан горчлив. наполнет со јазици.
слушавме и гледавме каква била војната
а каква била слободата
и го пуштив тогаш низ уста она моето
– Сѐ е тоа, господа, Атлантида –
Извор: Šrapneli (pejzaži od baruta), Beograd: Arete, 2017.
Слика: Marcin Kołpanowicz
Превод: Еѓуп Скокотле