1015 hPa
55 %

17 °C
Скопје - Чет, 10.07.2025 05:59
По тешко боледување, на 64-годишна возраст синоќа почина македонската поетеса, раскажувач и есеист Вера Чејковска.
Беше член на Друштвото на писатели на Македонија од 1987 година.
Зад себе ги остави збирките поезија: Човек и врата (1975), Множење на словото (1986), Опит (1992), Отсуството на Благиот (1993), Leximi i dritës (2000), Рабови (2007), Отсуството на Благиот II (2008), The Аbsence of the Mild One (2011), Моите веди (2013), My Vedas (2015).
Потоа збирката раскази Чејка и чајка (2015), како и низа научни монографии и студии од областа на сеизмологијата.