„Пази кретена, ал свака част: одело му је ко саливено!“

20.11.2018 20:15
Виц икона

Трпе дава штоф на шнајдер, договaра кројка – костумот да е „уз тело“, и оди редовно на проби. Кројачот го чека со костумот в рака и со горда мајсторска насмевка, го облекува и застанува пред огледалото. Гледа Трпе: едната ногавица покуса! „Што е ова, мајсторе“, прашува, а овој му објаснува: „Види сега, тоа ти е оти не стоиш рамно, туку поткрени ја и подвиткај ја малку ногата и сè ќе дојде во ред“. Трпе прави како што му е кажано, и навистина: во новата позиција ногавиците изгледаат како што треба. Се потсвртува да погледне отпозади, кога таму се затега накосо брчка преку целиот грб!? „Каква е оваа брчка одзади, мајсторе, па уште и ме затега?“ – „А, немај гајле за тоа: треба само да го подигнеш левото рамо малку… и да го потсвртиш вратот, ете така, и – гледаш? – ја нема веќе брчката“, сугестивно го опслужува мајсторот.

И, така – на секоја фалинка на костумот, мајсторот виртуозно му го подместува телото на нашиот јунак, до завршната глетка во огледалото, каде што веќе нема што да му се забележи на кројачкото ремек-дело.

Плаќа Трпе за услугата и излегува директно во чаршија, како паун, да се пофали со своите нови перја. Проаѓа покрај првата кафеана, строго внимавајќи да ги испочитува сите позиции и движења на телото што мајсторот му ги кажа, со недоветно потскокнување и подвиткување на ногата, со подигнато рамо и потсвртен врат и со сите други згрчки. Го здогледуваат првите двајца што седат на маса и едниот му коментира гласно на другиот (во оригинал): „Пази кретена, ал свака част: одело му је ко саливено!“

виа Мирослав Грчев

 

ОкоБоли главаВицФото