Предавање на Тони Китановски во Музеј на Македонија

21.11.2018 01:18
Предавање на Тони Китановски во Музеј на Македонија

Предавање на Тони Китановски за „Африканските корени на џезот: влијанијата на африканските ритми и мелодии врз северноамериканската, јужноамериканската и балканската музика“.

Џез музичарот Тони Китановски ќе одржи предавање во рамки на изложбата „Духовите на Африка“ поставена во Музејот на Македонија.

Предавањето насловено: „Африканските корени на џезот: влијанијата на африканските ритми и мелодии врз северноамериканската, јужноамериканската и балканската музика“ ќе се концентрира на значењето на музиката во Африка врз развојот на современата музика и разните музички форми актуелни во 20-от и 21-от век.

Воедно, предавањето ќе се темели и врз истражувањата и личните искуства на Тони Китановски со африканската музика и нејзиното влијание врз неговите композиции со повеќето состави со кои твори во последните 30 години.

Предавањето ќе се одржи во кино салата на Музеј на Македонија во среда (21.11.) во 12 часот. По предавањето ќе следи водење низ изложбата „Духовите на Африка“.