Од тела кон тело низ водени форми

21.11.2018 02:46
Од тела кон тело низ водени форми

На 21 ноември во Денсинг салата при МКЦ, со почеток во 18 часот, ќе биде отворена изложбата „Од тела кон тело низ водени форми“, интерактивна инсталација на Ана Лазаревска. Инсталацијата ќе биде отворена до следната полноќ, а во тие часови публиката активно ќе учествува во неа.


Во најавата за изложбата се вели:

Јас сум ти, во друго тело.

Форми има многу, но водата во нив е една и во сите е истата. Вода. Во пукнатините на забот на времето влегува и таму молчи на сите човечки јазици. И сѐ што низ неа минува – останува во неа.

Изложбата „Од тела кон тело низ водени форми“ е интерактивна. Ако влезете во неа, станувате дел од неа. Две исти води, во две различни тела. Две различни отчукувања на срцата – одеднаш.

Треба ли храброст да се чуе како на другиот му чука срцето? Во темната тишина на салата водата да се излее од својот сад и да стане – чиста вода.

Постер: Елена Андреева

Слични содржини

Култура / Уметност / Настан / Музика
Фотографија / Култура / Уметност / Настан / Око

ОкоБоли главаВицФото