Македонија мора да ги разоткрие мотивите на Орбан и на Унгарија

21.11.2018 17:55
Македонија мора да ги разоткрие мотивите на Орбан и на Унгарија

Приоритет!
Македонија мора да ги разоткрие мотивите на Орбан и на Унгарија за организацијата на бегството и за заштита на Груевски.

Значи, под итно се потребни:

1. ревизија на случајот „Шпион“;

2. истрага на Телеком (за поткуп, финансиски малверзации и блокирање на истрагата на СЈО);

3. истрага за финансиските трансакции преку Унгарија при набавката на опремата за прислушкување;

4. истрага за потеклото на финансиските средства упатени од Унгарија за купување медиуми во Македонија;

5. истрага на потеклото и мотивите за трансакции на сите финансиски средства во сообраќајот на парите помеѓу Унгарија и Македонија.

Резултатот на овие истраги треба да биде упатен, меѓу другото, до сите правосудни институции на Европската Унија.

Само во тој случај ќе се „исперат“ и државата и институциите кои го „испуштија“ Груевски. Во тој случај истиот сигурно ќе го вратат за да одговара за направените злодела.

Монтажи: Александар Дојранлиев

 

ОкоБоли главаВицФото