Буџетските приоритети на власта во 2019

22.11.2018 02:06
Буџетските приоритети на власта во 2019

Според предлог буџетот за 2019 година, приоритет на владата ќе биде интеграцијата во НАТО и за оваа намена планирано е да се потрошат 24 милиони евра.

Најмалку средства, околу 100 000 евра се планирани за борбата против корупцијата и организираниот криминал.

9,5 милиони евра владата планира за правична застапеност на заедниците, а 8 милиони евра за изградба на училишни спортски сали во основните и средните училишта, но за изградба на нови училишта се планирани само 1,1 милион евра.

Со 700 000 евра ќе се поддржуваат малите и средни претпријатиа, а за намалување на аерозагаденоста се планирани 1,6 милион евра.

Извор: Рефлектор