1018 hPa
94 %
11 °C
Скопје - Чет, 16.04.2026 15:59
кога се открива првиот модер екран врз кој
чашата млеко ми се исипа во млечен пат.
како самовилска лимфа и маслен слој над
твоите мевца
кревки и кротки
како добра заратустрина крава
во косата ми се просеа лесна живина роса
од гранките. и пасиштата беа многу зелени
сунѓерчиња.
како нежни мрежички можности
кога уште длабев во сонот
меките кожички му се поткренуваа
над розови маглички врз свилените перничиња