10 факти за медот

30.09.2010 10:48
10 факти за медот

Во пресрет на Фестивалот на медот кој од денес па до сабота ќе се одржи на улица „Македонија“ во Скопје, Окно ви претставува десет помалку познати и „слатки“ факти за медот.

1. Медот е единствениот природен производ кој нема рок на траење.

2. Медот содржи отприлика околу 18% вода.

3. Медот може да ги намали наслагите на масно ткиво во нашиот кардиоваскуларен систем.

4. Медот не ферментира во нашиот стомак како рафинираниот шеќер. Поради ова својство тој не претставува ризик за бактериска инфекција.

5. Медот е наједноставниот можен молекуларен облик на шеќерот кој не може понатаму да се „расчленува“. Ова му овозможува да патува директно од дигестивниот систем во крвните садови без да предизвика проблеми за самиот систем.

6. Медот е вистинскиот избор за гориво кое ќе ги согорува телесните маснотии за време на спиењето бидејќи има еднаков сооднос меѓу фруктозните и гликозните шеќери.

7. Медот е најдобрата супстанција за третирање изгореници. Тој ефективно ја намалува болката и придонесува за брзо заздравување без да останат лузни.

8. Во медот се содржат витамини и антиоксиданти. Еден посебен антиоксиданс, попознат како „пиносембрин“ може да се најде само во медот.

9. Познато е дека медот е многу делотворно и безбедно решение за детската кашлица, многу повеќе од вообичаените медицински лекови.

10. Некои неодамнешни истражувања покажаа дека кај спортистите кои консумирале мед пред и по физичката активност процесот на стабилизирање на телесната кондиција траел многу пократко отколку кај оние спортисти кои не консумирале.

Извор: associatedcontent.com

ОкоБоли главаВицФото