Два излеза

23.11.2018 11:39
Виц икона

-Што има ново?

-Еве добив повик за војска.

-Лошо!

-Лошо, ама не толку! Имам два излеза: да избие војна или да не избие. Ако не избие добро, ама ако избие пак имам два излеза: да ме пратат во борба или да останам во заднина. Ако останам во заднина добро, но ако ме пратат во борба, пак се два излеза: да не загинам или да загинам. Ако загинам, лошо, но и тука имам два излеза: да одам во рајот или да одам во пеколот. Ако одам во рајот супер, ама ако одам во пеколот...  Два излеза: да го сретнам ѓаволот или да не го сретнам. Ако го сретнам ете ги двата излеза: јас да го изедам или тој да ме изеде. Ако го изедам супер, ама ако тој мене ме изеде... тогаш имам само еден излез!

 

ОкоБоли главаВицФото